Кинезите со сатар бркаа познат актер , попладнево снимките избришани

Министерството за внатрешни работи ја расчистува бркотницата во трговскиот центар „Лептокарија“ во која маж и жена Кинези бркаа со сатар во рацете муштерија кој се пожалил на висока сметка во ресторан.

Случајот, според МВР, е документиран и се работи на негово расчистување.

Човекот кого Кинезите го бркаа е познат актер со иницијали М.Т.

Претпладевно на Фејсбук скопјанец објави видеа на кои се гледа како двајца Кинези, маж и жена бркаат друг маж. Жената во раката држи нож. Во текот на денот видеата беа отстранети од социјалната мрежа.

Засега, нема повеќе детали за случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави