Километарски колони и чекање со часови: Границите на Србија блокирани пред стапувањето на заострените мерки

По објавувањето на новите заострени мерки за влез во Србија, формирани се огромни колони возила на граничните премини на Србја со Унгарија и со Хрватска.

Како што објавувува „РТС“, според последните информации од границата, граѓаните чекаат на граничниот премин Хоргош повеќе од пет часа за да влезат од Унгарија во Србија. Исто толку се чека на унгарскиот премин Решка.

На граничниот премин Батровци колоната со возила е долга неколку километри.Чекањето за влез од Хрватска е околу шест часа, а во текот на ноќта граѓаните стоеле во колони и по осум часа.

Утре ќе стапи на сила примената на мерката според која влезот во Србија ќе биде можен само со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или, кога станува збор за граѓаните на Србија, задолжителен десетдневен карантин.

Total
0
Shares
Поврзани објави