Катица се прости од мајката во капела, не ја пуштија на гробишта

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, утринава со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје замина во Гевгелија на погреб на нејзината мајка. Како што информира екипата на „Слободен печат“ од Гевгелија, на Јанева и било дозволено накратко да се прости од својата мајка во капелата.

Полицијата не и дозволила да оди на гробиштата, туку веднаш ја вратила назад за Скопје, во истражниот затвор во Шутка, каде одлежува 30-дневен притвор.

Јанева е осомничена во случајот „Рекет“ за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ. Станува збор за прибавување имотна корист во значителен износ од 1,5 милиони евра. Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените.

фото Слободен печат

Total
0
Shares
Поврзани објави