Катица Јанева во притвор

Катица Јанева оди во притвор. Од вечерва па во следните 30 дена таа ќе се наоѓа во истражниот затвор  во Шутка.

Јанева доби притвор како третоосомничена во случајот „Рекет”.

Пред неа притвор за овој случај добија Боки 13 и Зоки Кичеец.

Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле. Таа беше приведена попладнево од полицијата по налог на ЈО, а по претресот во нејзиниот дом беше одведена во канцеларијата во Специјалното јавно обвинителство, од каде со налог и беше одземен компјутерот. Потоа специјалната обвинителка повторно беше вратена во домот во Козле, од каде мебел и други предмети беа изнесени со камион. Претрес е вршен и во нејзината куќа во Гевгелија.

Total
0
Shares
Поврзани објави