Катица Јанева: Не само лицето Бојан Јовановски, туку и други го злоупотребуваат моето име за различни цели

„Од моментот на мојот избор, бев цел на различни озборувања и инволвирање на политичките партии и нивните препукувања. Не се жалам, свесна бев дека секојдневно ќе бидам цел на напад. Функцијата која ја имам е чест и одговорност. Дозволете да ви се извинам што оставив простор и не се појавив во јавноста. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч. Најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно не сум ја злоупотребила положбата која се уште ја извршувам.Се познавм со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1 ТВ, но ова не значи дека некој требало да ме злоупотребува. Не само лицето Бојан Јовановски, туку и други го злоупотребуваат моето име за различни цели“, рече Јанева.

По изјавата Јанева не одговараше на новинарските прашања.

Во отворената истрага за случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција  засега не ја сомничи обвинителката од СЈО, Катица Јанева.

Според сомнежите на Обвинителството, осомничените од бизнисменот Орце Камчев зеле 1,5 милиони евра, а за возврат требало да се издејствува против него да запре кривичниот прогон во случајот „Империја“, или да добие олеснителни околности.

Total
0
Shares
Поврзани објави