Катица Јанева наредила форнзичко бришење на компјутерите во СЈО

Kатица Јанева побарала од вработените во ИТ-секторот да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство, дознава „360 Степени“ од извори во СЈО. Наредбата од Јанева била дадено усно и, според изворите на „360 Степени“, веќе биле преземени подготвителни активности за да се спроведе. Постапката требало да ги опфати сите компјутери во ова обвинителство.

Барањето за бришење на компјутерите се случува во период во кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води истрага во случајот „Рекет“ во кој засега не е осомничена, но е имплицирана и шефицата на СЈО, Катица Јанева. Иако постапката на „форензичко бришење“ нема да ги загрози документите што постојат во компјутерскиот систем на СЈО, сепак, неповратно ќе ги избрише податоците за тоа на кој компјутер, во кое време, од кое лице, што било работено.

Токму поради ова упативме две прашања до службата за односи со јавност на СЈО:

  • Која е причината да се нареди „форензичко бришење“ на компјутерите во СЈО?
  • Дали со тоа трајно ќе се изгубат информации за тоа што е работено на компјутерите, а тие податоци може да бидат драгоцени за истрагата што ја води ОЈО за гонење организиран криминал и корупција  (случај „Рекет“) или за некои идни постапки?

Нашите прашања беа примени во СЈО околу 14:30 часот (сабота, 27 јули), но до овој момент немаме одговор.

Изворите на „360 Степени“ велат дека вакво барање од Јанева стигнува првпат во речиси 4-годишното постоење на СЈО.

По неколкудневен молк и отсуство од јавноста откако ОЈО за гонење организиран криминал отвори истрага за „Рекет“, Катица Јанева во вторникот се врати на работа во СЈО. Во изјавата за медиумите, по која не беа дозволени новинарски прашања, таа негираше вмешаност во случајот и рече дека нејзиното име било злоупотребено не само од Бојан Јовановски туку и од други лица.

извор: 360stepeni.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес во охридско

Земјотрес утрово е регистриран со епицентар меѓу охридските села Куратица и Опеница. Според податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот…