Каракачанов, ветото е вистинска работа, покажавме карактер

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов смета дека бугарското вето против Македонија е вистинска работа затоа што земјата покажала карактер.

Утрово  на БНТ Каракачанов изјавил дека реакцијата на Бугарија не е задоцнета бидејќи  до крајот на годината за време на германското претседателство со ЕУ, темата за започнување преговори со Скопје ќе биде повторно актуелна.

„Бугарија отсекогаш имала став за проширување на Западен Балкан, но ние секогаш потенциравме дека тоа не може да биде безусловно и Република Северна Македонија мора да исполни одредени критериуми, од кои главни се нејзините односи со Бугарија“, рече тој.

Тој тврди дека омразата кон Бугарија е всадена не само во учебниците по историја, туку и во нивните филмови, книги, нема село во кое нема барем еден запис против Бугарија.

Според него, Скопје никогаш не престанала не само да ги подбуцнува нивните агенти во Бугарија, туку и да ги финансираат преку дипломатија да создадат малцинство.

Дали знаете колку пари се трошат на лобистички организации, медиуми, за создавање документарни филмови “, праша Каракачанов.

Тој не стравува дека Македонија ќе го прогласи непожелна личност бидејќи тоа би било груба, вулгарна, дипломатски грешка.

Total
0
Shares
Поврзани објави