Каракачанов: Нема преговори со ЕУ, ако Македонија не го почитува договорот за пријателство

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов предупреди дека Северна Македонија нема да ги почне преговорите за членство со Европската унија ако не го почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2 август 2017 година.

Тој тврди дека поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, три години не сторил ништо за подобрување на билатералните односи.

„Бугарија треба да се спротивстави на првата меѓувладина конференција, ако се придржува кон националните и европските интереси. Пред неколку дена, Драги Ѓоргиев (копретседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања) беше груб. Овие луѓе немаат намера да водат искрен дијалог со Бугарија. Тие мислат дека можат да ги прикријат работите“, изјавил Каракачанов.

Според него, никој не треба да очекува дека Брисел или светот ќе ја притисне Бугарија да се откаже од блокадата.

„Очигледно, тие не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат“, изјавил Каракачанов.

Total
0
Shares
Поврзани објави