Како се влегува во Грција – најава на веб страна и адреса за престој !

Рампите на граничниот премин останаа спуштени и сите кои тргнаа кон Грција се враќаат назад. Влез е дозволен само за оние кои имаат грчки пасош. 

Важна информација за нашите граѓани кои ќе одлучат да отпатуваат во Грција е дека задолжително треба да се најават на грчка веб страна 24 часа пред пристигнување на граница, и да имаат пополнето формулар со лични податоци, контакт на лице во случај на итна потреба, како и адреса на престој додека сте во државата.

Денеска на границата имаше возила со македонски, српски, бугарски таблички кои чекаа во колона.

Засега, нема одговор од македонското Министерство за надворешни работи зошто настана овој проблем на грчката граница и дали одговор на ова прашање има од грчките власти.

На граничниот премин „Богородица“ утрово се створија колони. 

Од денес требаше да се отвори граничниот премин со Грција за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела. Потврда за ова вчера даде и премиерот Зоран Заев по средбата со Киријакос Мицотакис во Атина.

Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб-страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцинана „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (спутник).

Total
0
Shares
Поврзани објави