Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска откри дека првичните согледувања околу исплатите на бонусите во СЈО покажале дека за иста работа два пати се делеле надоместоци во СЈО.

-Сомнение фрла тоа што додатоците за плата биле класифицирани информации. Втората насока е дека платите и надоместоците се регулирани со законите. Како што е познато јавните обвинители по три основи имаат додатоци кои не може да надминат 35% од плата, односно трите вида дотатоци, за ризик, за доверливост и за услови за работа. Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци. Ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, дека на пример еден секретар, има поголема плата од претседателот на државата. Дали е тоа оправдано, логично, треба да процениме. Со ова не ја прејудицирам постапката што обвинителството ја води, рече Јовески.