Извештајот за дискриминација еден од основните документи во барањето на азил на Груевски

Документ во кој пишува дека на Никола Груевски му биле загрозени основните човекови права во судската постапка издадена од официјален државен орган, е еден од клучните документи врз база на кој тој бара азил во Унгарија.

Документот е издаден од Комисијата за заштита од дискриминација во кој пишува дека се утврдува дирекна дискриминација врз Никола Груевски од член 6 став 1 и тоа врз основа на личен и општествен статус од член 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Комиисјата навела дека Никола Груевски во судот бил поставен во незавидна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење.

Освен со овој документ според експертите кои искажуваат свое мислење на медиуми и социјални мрежи, но не е потвредно од никого, Груевски би се обидел да побара азил и со веќе дадената па поништена Аболиција од претседателот Иванов , врз база на што и бегалците во Грција Грујовски и Бошкоски судот не дозволи нивна ексртадиција во Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави