Изгоре архива во болницата 8- Септември

Од јавната здравствена установа, градска општа болница „8-ми Септември“, се огласија по синоќешниот пожар. Тие велат дека настанал во просторија со архивски материјал, каде што имало документи стари десетици години и кои веќе требало да бидат уништени.

„Во врска со вчерашниот инцидент – пожар во просторија со архивски материјал, ЈЗУ ГОБ 8ми Септември – Скопје, ја известува јавноста дека во спонатата просторија беа сместени документи стари неколку децении и кои веќе беа предмет на постапка на архивско уништување.

Во пожарот не е уништен ниту еден документ кој по важечките прописи мора да е архивиран и да се чува со законски предвиден рок.

За причините на пожарот ќе се изјаснат надлежните институции.“, велат од 8-ми септември.

Total
0
Shares
Поврзани објави