Еве од колку сме заедно и некој ќе ми каже без секирации се ќе помине, да ќе помине ама не знаете колку боли зашто не сте осетиле на своја кожа а и не ви посакувам. Издржи бато сите сме со тебе.

Ова на социјалните мрежи го напиша сестрата на Филип Филиповски кој во саботата беше избоден со нож во инцидент во кој учествуваат синови на советник на министерот за внатрешни работи и поранешен градончалник. Тој не негира дека неговите синови учествувале во инцидентот, но тврди дека биле и тие повредени.

Полицијата потврди кој се бил учесник, но по приведувањето на осомничените, со образложение дека не бил пронајден ножот со кој Филиповски е прободен синовите на функционерот со наредба на обвинител се пуштени.

Филиповски се опоравува во болница откако поради тешките повреди му беа отстранети бубрег и слезина. Инциденот го откри неговиот татко пишувајќи на ФБ, а полицијата по два дена го потврди.

Таткото на Филип се уште бара одговори зошто за напаѓачите нема санкции и зошто сведоците молчат, а вечерта раскажувале што се случило.