Истепана средношколка од Скопје и момче од Тетово, пресметка меѓу соученици во приватно училиште

Вчера околу 11:00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во ходник на училишниот кампус „Јахја Кемал“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу дваца малолетници на возраст од 15 (од Скопје) и 17 (од Куманово) години.

Во присуство на старатели, на двајцата малолетници им бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информираат од МВР.

Неколку часа подоцна  во 13:40 часот во Полициската станица Карпош, Е.В.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12:40 часот на булевар „Партизански Одреди“, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од две нејзини врснички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во полицискиот билтен е наведен и напад на момче во Тетово. На 15.03.2019 во 11.30 часот во Полициската станица Тетово, Х.З.(51) од село Мала Речица, тетовско, пријавил дека на 13.03.2019 околу 13.15 часот на улица „Илинденска“ во Тетово неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од лицето Б.Ш. од Тетово и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави