Исплатени плати во СЈО, не е јасно кој потпишал

Вчера во СЈО на вработените им биле исплатени плати кои подолг период не можеа да ги земат поради притворената Катица Јанева единствениот потписник на сметка. Не е јасно кој одобрил и по кој основ се исплатени платите кога Јанева е во притвор и не може да потпишува документи. Единство што досега потпиша беше документот со кој ги предаде предметите на редовното обвинителство, но и тоа не е јасно како е сторено. Оваа вест и детали околу тоа кој колку пари земал од СЈО , а се блиски на екс шефицата Јанева обелодени Игор Јанушев. Во продоложение неговата објава.

Покрај Заеви како најбогато политичко семејство на Балканот, семејството на Катица Јанева и нејзините блиски, може да се вбројат меѓу најбогатите во Македонија.

Пипците на октоподот, кој ја сочинува мафијата спонзорирана од Заев длабоко го параат општеството.

Еве како изгледаат пипците на мафијата овозможена од Заев, преку неговиот „пулен“ и „соборец“ во аферите „Рекет“ на СЈО – Катица Јанева со фрапантни податоци за примањата на семејството и блиските на Катица Јанева:

– Вили Јанев – 30.000 евра – од шофер во Основниот Суд во Гевгелија до личен шофер на Катица Јанева. Сопругата на Вили Јанев, Викторија Јанева во 2013 година е кандидат на листата за советници во општина Гевгелија од СДСМ и активен учесник во „Шарената револуција“.

– Слободанка Вили Јанева – 1.600 евра – ќерка на шоферот на Катица Јанева, Вили Јанев. Иако подолг период живее во Америка, тоа не било пречка да зема пари од СЈО.

– Вилма Петкова – 15.000 евра – сестра на претседателката на Судот во Гевгелија, Злата Попова, која е во блиска релација со Катица Јанева и Сашо Поцков, за која се шпекулира во јавноста дека е позната е по случаите со мобинг врз вработените во Основниот суд во Гевгелија.

– Ѓорге Делиџаков – 28.000 евра – внук од сестра на Катица Јанева.

– Методи Цилков – 26.000 евра – сопруг на директорката на психијатриската болница во Гевгелија, Љуба Цилкова, која го издаде боледувањето на Катица Јанева.

– Драгица Аврамчева – 30.000 евра – ќерка на Кети Аврамчева, директор на ООУ „Владо Кантарџиев“.

– Илија Аврамовски – 59.000 евра –инспектор во МВР Гевгелија, чија сопруга, Јасминка Аврамска, е командир на ПС Богородица.

– Наташа Олумчева – 15.000 евра – снаа од брат на поранешниот функционер на СДСМ, Саше Олумчев.

– Ѓорге Тулупов – 24.000 евра – другар на синот на Катица Јанева, Лазар Јанев.

П.С. – вчера на вработените од СЈО им е исплатена плата. Како, за што, кој потпишал???

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мицкоски: Личност која го велича Путин е предлог на власта во работната група за уставни измени, и истата ќе ја плаќаат со народни пари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали очекува исход од работната група за уставни измени ако…