Исчезнатите близначки во Грција , најдени мртви гушнати со бабата и дедото

Близначките кои исчезнаа во големите пожари во Атика се најдени мртви. Изгореле во пожарот со нивната баба и дедео. Биле најдени во нивни прегратки. За да се потврди смртта се чекале и ДНК резултати оти телата биле јагленосани.
Приватниот истражувач, ангажиран од семејството, Јоргос Цукалис потврди дека во Институтот за судска медицина биле идентификувани телата на деветгодишните Василики и Софиа Филипопулу. На близначките и нивните баба и дедо им се изгуби секаква трага по пожарот. Тие избегале кога огнот се приближил до нив, а нивниот татко веруваше дека ги видел на една снимка. Иако видеото е нејасно, бидејќи е направено навечер во Луци Рафина на еден брод, тоа за нивниот татко претставуваше последнатанадеж.
Во Институтот за судска медицина, по барање на вештаците, мајката на девојчињата и роднини однесоа облека и играчки од близначките за да се земе дополнителен генетски материјал.

Total
0
Shares
Поврзани објави