Импресивна глетка: Моторџиите пристигна на скопскиот аеродром и се споија со навивачите

Стотина моторџии со јаки машини но и оние кои возат послаби скутери само што пристигнаа на скопскиот аеродром. Таму веќе се собрани огромен број навивачи на ракоментниот клуб Вардар и е паркиран автобусот со кои играчите на шампионот ќе бидат донесени до Плоштад.

Моторџиите со голема галама турирање и организирано пристигнаа и направија мало шоу.

Авионот на ракометарите ке полета два часа подоцна поради технички административни формалности. Се очекува да пристигнат околу 20 часот од каде ќе одат во салата Јане Сандаски а потоа на Плоштад.

Total
0
Shares
Поврзани објави