Настанатата тепачка, ноќеска во Крушево на местото викано Гумење предизвика остри реакции од јавноста и општина Крушево. Во демант на информациите кои ги добија медиумите се произнесе генералниот секретар на овогодинешниот Илинденски марш Гоце Трпковски.

Трпковски ги негира, како што вели лагите и клеветите, што ги шират одредени портали блиски до градоначалникот на Крушево, Томе Христоски,  дека членови на Илинденскиот марш од Горно Лисиче предизвикале тепачка на местото Гумење во Крушево.

„Коњаницата поминува 5 дена на коњи за да дојде до градот Крушево и да оддаде почит кон паднатите комити илинденци, почит на Крушевската Република и почит кон македонскиот народ и никогаш и никого не поддржуваме во насилие и бараме јавно извинување од градоначалникот на Крушево и сите портали кои ја обвинија Илинденската коњаница“, изјавил за Сител генералниот секретар на коњаницата Гоце Трпковски.

Тој објаснува дека ноќеска малолетно дете од Скопје во придружба на неговата другарка бил нападнат од 40-годишен крушевчанец, кој бил во алкохолизирана состојба.

„Случајни минувачи и тројца од коњаницата излегле во пресрет на заштита на малолетникот од Скопје при што интервенирала и полицијата“, додаде Трпковски. Р.Д.