Попладнево заврши распитот на Игор Југ во Обвинителството. Дознаваме дека давал исказ пред обвинител и тврдел дека не е виновен. Пред обвинителот тврдел дека во Собранието не носел оружје иако на снимките се гледа дека чудно ја држи раката зад грб. Југ во исказот кажал дека ниту удрил некого ниту бил да тепа. Во Собрание помагав и им давав вода, кажал Југ пред обвинителот.
Игор Југ веќе е во притвор оти како дел од група на 27-ми април стаса до собраниската прес- сала каде беше извршен напад врз пратениците на актуелната власт. Во парламентот влегол преку предната врата која ја отворија пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, додека голем дел од насилниците со фантомки влегоа од задниот влез во Собранието. Беше препознатлив по црна маица со симболот на про-усташката организација ХОС, а беше забележан како подолго време ја држи раката на грбот под маицата по што се истражува дали бил вооружен со огнено оружје.
Поврзани објави
Исчезнатите близначки во Грција , најдени мртви гушнати со бабата и дедото
Близначките кои исчезнаа во големите пожари во Атика се најдени мртви. Изгореле во пожарот со нивната баба и…
Премиерите на Македонија и Албанија разочарани од ЕУ, Заев вели дека не се откажува ќе бара решение
Oткако Бугарија повторно не дозволи старт на преговори со земјава, со тоа блокирајќи ги преговорите и на Тирана,…
Meдицински oтпaд непpoписно се тpeтирал во Дрисла
Градот Скопје пред педесетина дена, преку вонреден инспекциски надзор дошол до сериозен доказен материјал за злоупотреба во менаџирањето…
Фото: Се преврте автомобил на Партизанска во Скопје
Пред малку на булеварот Партизански одреди се случи тешка сообраќајка во која има повредени лица. Еден автомобил се…