Игор Југ денеска повторно во обвинителството. Според нашите информации тој од затворот Шутка е спроведен на распит во обвинителството како дел од истрагата која деновиве интензивно се работи околу настаните на 27 април. Додега Игор Југ е во ЈО , Јордан , синот на Сашо Мијалков поранешниот прв човек на УБК, е на распит во полициска станица во Кисела Вода. Иако требаше да се појави пред неколку недели поради патување во странство распитот е закажан за денеска. Полицијата го идентификува како еден од учесниците во настаните во Собранието од снимките од медиумите.
Игор Југ веќе е во притвор оти како дел од група на 27-ми април стаса до собраниската прес- сала каде беше извршен напад врз пратениците на актуелната власт. Во парламентот влегол преку предната врата која ја отворија пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, додека голем дел од насилниците со фантомки влегоа од задниот влез во Собранието. Беше препознатлив по црна маица со симболот на про-усташката организација ХОС, а беше забележан како подолго време ја држи раката на грбот под маицата по што се истражува дали бил вооружен со огнено оружје.
(К.М.)
Поврзани објави
Чим им влеговме нема излегување!
Политичката партија Левица за прв пат влезе во Собрание, а лидерот Димитар Апасиев објави фотографија на неговиот фејсбук-профил,…
Пукање на Бит-пазар, повреден маж
Едно лице е повредено со огнено оружје вчеравечер на Бит-пазар. Како што самиот пријавил во СВР Скопје, во…
Во ЈСП само цик-цак седење
ЈСП се подготвува да воведе нови стандарди. Од ЈСП за весникот ВЕЧЕР изјавија дека веќе се разгледуваат неколку…
Македонски возач повреден во смачкан камион во Турција
Македонскиот возач Глигор Филов е повреден во сообраќајна несреќа во Турција во судир на камион со камион во…