Хрватски научник тврди дека пандемијата завршува иако има зголем број на заболени

Научникот Гордан Лауц, кој е дел на научниот совет на хрватската влада за борба против коронавирусот, е меѓу ретките што се противи на остри мерки во борбата против епидемијата, поради што тој често е критикуван од колегите научници. Тој зборуваше за Н1 за тоа што ја чека Хрватска .

Сè уште мислам дека пандемијата е при крај оваа пролет, а фактот дека имаме мало зголемување на бројот на заразени не значи дека пандемијата не завршува, рече Лауц, додавајќи дека бројот на хоспитализирани, стари лица, заразени и умрени не го следат бројот на ново заразени. Тоа покажува дека во голема мера ја ставивме под контрола пандемијата, рече Лауц.

Бројот на нови хоспитализации е најмалку една недела зад заразените, рече Лауц.

Лауц смета дека Хрватска не направи добар избор на вакцини, дека ќе беше подобро ако избреше некои други вакцини, но дека за време на нарачката никој не можеше да знае какви ќе бидат резултатите.

Тој рече дека се надева дека нема да се оди на ново засилување на мерките. Тој потсети на ситуацијата во соседството, каде преовладуваат построги мерки, а епидемиолошката состојба е многу полоша отколку во Хрватска.

Од медицинска гледна точка, вели Лауц, нема причина за загриженост, во врска со туристичката сезона. Овој раст што го имаме сега ќе оди во опаѓање и не гледам причина зошто луѓето не треба да доаѓаат на крајбрежјето и да се одморат по оваа тешка година, рече тој.

За состојбата во текот на зимата не може да се зборува, рече Лауц. Можеби ќе се појават нови варијанти на вирусот, но капацитетот за производство на вакцини е поголем од порано и на есен ќе можеме да добиеме два милиони дози без никакви проблеми и да не се грижиме за уште една пандемиска зима, блокирања и слично, рече Лауц.

Total
0
Shares
Поврзани објави