Хорор во Берлин: Со „порше“ влета меѓу пешаци, четворица загинаа на место меѓу кои и бебе

Непознато лице влета со џип марка „порше“ во пешаци на тротоар во Берлин, при што загинаа четири лица меѓу кои и бебе.

Како што наведува локланиот весник „Берлинер Моргенпост“ на самото место дошле 25 пожарникари. До доцна во ноќта истражувале со термални камери дали под остатоците на возилото има уште повредени лица.

Несреќата се случила во населбата Мите.

Две лица се повредени.

Засега не е познато зошто возачот влетал меѓу пешаците.

Total
0
Shares
Поврзани објави