Хари и Меган остануваат без војводските титули?

Кралицата Елизабета Втора, планира на внукот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да им ги одземе војводските титули, шпекулираат британските медиуми после кризниот состанок на кралското семејство во Сандрингем.

Доказ за тоа, недуваат, е тоа што во официјалното соопштение им се обратила само со Хари и Меган, а не ги нагласила нивните официјални титули – војвода и војвотка од Сасекс, како што претходно правеше.

Медиумите пренесуваат дека кралицата „длабоко жали“ поради одлуката нејзиниот внук да се осамостои и да го напушти кралското семејство, но и покрај тоа одлучила да ги поддржи.

„Имавме многу конструктивен разговор’, порачала Елизабета после состанокот.

Во соопштението после состанокот кралицата првпат им се обратила на Хари и Меган, што според познавачите, наведува дека тие двајца после транзициониот период ќе останат без титулите војвода и војвотка од Сасекс кои им биле доделени после венчавката. Тоа не би требало да му претставува проблем на принцот, затоа што тој самиот инсистирал неговиот син Арчи после раѓањето да не добие титула на принц.

Иако во соопштението се наведува дека Меган и Хари после Мегзит ќе живеат малку во Британија, а малку во Канада, нивните пријатели тврдат дека ќе се преселат во Лос Анџелес.

Пријателите на војводата и војвотката наведуваат дека токму Меган е таа која инсистира на селидба во Лос Анџелес, во градот во кој пораснала и каде живее мајка ѝ.

Меган е решена да се врати на својата работа – глумата, а Лос Анџелес е престолнина на светската филмска индустрија. Меѓутоа, што се однесува до политичките ставови, таа е заколнат демократ и отворено го критикувала Доналд Трамп во предизборната кампања.

Принцот Хари и Меган намерно минатата година ја пропуштија посетата на Трамп и неговиот прием во Бакингемската палата.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјавил дека останало уште многу да се договорат за намерата на принцот Хари и Меган во наредниот период да живеат шест месеци годишно во Канада.

-Имаме уште многу да се договараме – порачал Трудо, одбивајќи да потврди дека канадската влада е подготвена да ги плати трошоците за обезбедување на познатиот пат.

Total
0
Shares
Поврзани објави