Хакиран центрлен регистар- податоците безбедни

Централен регистар ја потврди информацијата дека е извршен упад во компјутерскиот систем и дека хакерскиот упад го пријавиле во МВР, откако претходно медиумите објавија дека поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко поради неовластено навлегување во компјутерскиот систем на Централниот регистар.

– По објавените информации во медиумите, Централниот регистар на Република Северна Македонија потврдува дека е извршен упад во компјутерски систем.

Централниот регистар веднаш по упадот поднесе пријава до Министерството за Внатрешни Работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика.

Упадот е извршен со злоупотреба на безбедноста и со надминување на безбедносни пречки од страна на Друштвото за обработка на податоци, хостирање и слични дејности ИНФОГРУП ДОО Скопје. На тој начин ова правно лице неовластено обезбедувало податоци од регистри што ги води Централниот регистар.

Потенцираме дека при упадот воопшто не се нарушени состојбата и интегритетот на податоците во сите регистри што ги води Централниот регистар. Сите системи и услуги на Централниот регистар непречено функционираат и се достапни за сите корисници, а податоците во регистрите се соодветно заштитени, соопшто Централен регистар.

Total
0
Shares
Поврзани објави