Густ чад се крева од зад зградата на американскиот Капитол

Гус облак од чад се крева од позади зградата на американскиот Капитол во Вашингтон, а објектот во кој се наоѓаат Конгресот и Сенатот веднаш е затворен.

Ен-Би-Си Њуз известува дека на луѓето кои се наоѓале во зградата им била испратена порака да се „држат понастрана од надворешните прозорци” или да „бараат засолниште” доколку се наоѓаат надвор од Капитол.

Весникот „Индипендент” наведува дека луѓето кои учествувале во подготовките за инаугурацијата на Џо Бајден биле евакуирани, а информациите за „безбедносната закана” биле објавени преку домофон.

Дел од медиумите јавуваат дека пожар избил во камп за бездомници што се наоѓал во близина на Капитолот, а безбедносните служби кои го обезбдуваат објектот наведувале дека не станува збор за вежба, пред инаугирацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, закажана за в среда.

Снимките на кои се гледа густ облак чад зад зградата во Капитол се шират на социјалните мрежи.

Total
0
Shares
Поврзани објави