Груевски останува пратеник , одбиен законот за Амнестија на ВМРО -ДПМНЕ

Собранието пред малку не го одзеде мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Пред оваа точка пратениците на ВМРО -ДПМНЕ побараа на денешната седница на дневен ред да биде ставен и предлог законот за Амнестија на обвинетите за 27 април. Собранието овој предлог го одби.

Пред два дена собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Одлуката беше изгласана со пет гласа „за“ од деветчлената собраниска Комисија. Неизвесно е дали две третини од пратениците ќе го поддржат предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.
Поранешниот премиер е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во истовреме се чека Кривичниот суд да одлучува по жалбите на неговите адвокати на одлуката на судијата за зивршување санкции кој одби да му го одложи отслужувањето затворска казна. Одлуката треба да се знае најдоцна до понеделник.

Total
0
Shares
Поврзани објави