Грчкото куче Хани откри 32 кила марихуана во автомобил на македонски државјанин

Грчката полиција, со помош на полициското куче Хани, на грчката страна од граничниот премин Богородица (Евзони) во петокот напладне, уапсила 36-годишен македонски државјанин кој во Грција се обидел да внесе 32 килограми и 766 грама канабис.

Како што соопштија од грчката полиција на прес-конференција во Солун, дрогата била рачно спакувана во 61 пакет, скриени во внатрешниот и во надворешниот дел на автомобилот, а полициската акција била организирана по добиени информации.

-При темелна контрола на возилото, со помош на полициско куче, во браникот на возилото и во внатрешноста, во командната табла беа откриени вкупно 61 рачно спакувани пакети со 32 килограми и 766 грама канабис што беа одземени. Триесет и шестгодишникот беше изведен пред истражен судија во Кукуш и му беше одредена привремена мерка притвор, рече на вчерашната прес-конференција во Солун, Петрос Танос, шефот на канцеларијата за информации и односи со јавност на Главната полициска дирекција Централна Македонија.

Од грчката полиција на нивните официјални Твитер и Фејсбук профили јавно му се заблагодарија на полициското куче Хани за неговата „драгоцена помош“ за откриената дрога во конкретниот случај.

Хани е белгиски овчар, специјализиран за откривање на дрога. Има 10 години, а од две годишна возраст е во грчката полиција.

инфо тука

Total
0
Shares
Поврзани објави