Граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница од денес е отворен за излез и влез во земјава, но од соседната страна копнената граница на Грција останува затворена за влез на туристи и патници најмалку до 1 јули.
Дежурната гранична служба утрово информираше дека грчките гранични службеници денес повторно ги враќале назад сите туристи, па дури и оние од Шенген зоната и ЕУ, за влегување во Грција ги насочувалле да патуваат преку Бугарија. Преку граничниот премин Евзони моментно е дозоволен само излез на сите што заминуваат од Грција.
Исклучок за влез во Грција се прави само за патници кои имаат регулиран престој во Грција, како и за транзитниот сообраќај кој се одвива како во нормални услови.
Од денеска слободен влез во земјава им е дозволен на грчките државјани.
„Утринава на влез во земјата се регистрирани само десетина грчки возила“, велат од дежурната служба на ГП „Богородица“.
Поврзани објави
Сали обвинува-амнестирани се виновниците за пожарот во тетовската модуларна болница
Одговорност за виновниците кои ги амнестираат одговорните за пожарот во модуларната болница во Тетово, побара на 15 август…
Замрзнат имотот на Трифун Костовски
Замрзнат имотот на Трифун Костовски. Главниот акционер на поранешната Еуростандард банка во интернет колумна насловена „И тоа е…
Обвинителството ќе ја проверува постапката за доделување грантови од Фондот за иновации
По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации…
Новиот советник на премиерот со обвинение за насилтво ?
Новото советничко место во владата на Зоран Заев според извори на ДОСИЕ.МК е веќе ветено за лице со…