Грчки борбени авиони денеска за прв пат со дозвола од македонските власти го прелетуваат нашето небо. Станува збор за два прелети од 7.30 до 9.30 часот како пробно тестирање во рамки на НАТО-договорот, според кој одредена земја го чува небото на друга членка доколку таа ги нема потребните ресурси за тоа.
Прелетувањето на македонскиот воздушен простор е за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ а на тестот ќе се изврши проверка на комуникациите и радарската покриеност. Инаку грчките ловци, според договорот на двете владини делегации во Скопје, ќе го чуваат македонското небо штом Македонија ќе стане полноправна земја-членка на НАТО.
– Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност. – соопшти Министерството за одбрана.
Инаку „Air Policing“ е мирновремена мисија.
Поврзани објави
Сопругата му исчезнала во Словачка
Скопјанец пријавил дека неговата сопруга А.Т.(33) на 27.07.2018 година заминала за Р.Словачка на работа по претходен договор преку…
Вучиќ прогласи убедлива победа на изборите во Србија, опозицијата обвини за кражба на гласови
Листата на „Србија не смее да застане“ освои убедливо најголем број гласови на изборите во Србија. Српскиот претседател…
Со нож ја прободел мајка си, а потоа ја запалил- еве ги морничавите детали
На 21.02.2020 во 16,23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од…
Спасени три волкчиња
Среќата не може да се опише кога ќе се спаси живот, особено кога исходот на постапките е неизвесен…