Град Скопје со дронови ќе ги фати потпалувачите на дивите депонии

Откако вчера по втор пат се запали депонијата во близина на спортската сала Борис Трајковски, Градот Скопје и оваа есен им објавува војна на дивите потпалувачи. Со два дрона ќе се ловат несовесните граѓани кои палат депонии и стрништа.

Најмногу ќе се следи западниот дел од градот, особено Сарај и Крушопек, чии земјоделски посеви и ниски шуми често се мета на пожари.

Градоначалникот Шилегов повторно апелираше да не се палат стрништата туку граѓаните да се јават на градските служби кои ќе го соберат органскиот отпад бесплатно.

„Стрништата кои што се во опкружувањето на Скопје да не се палат а да ги замениме со ѓубриво за земјоделците. Фокусот, во оваа фаза сега, е претежно, кон палењето на стрништа и мониторингот на тие позиции, претежно во западниот дел околу Сарај и во источниот дел каде што всушност и гравитира земјоделското земјиште и земјоделскиот административен дел од нашиот град.“вели Петер Шилегов ,градоначалник на Град Скопје.

Заклучно со денес, на 193 пристигнале 440 повици за запалени депонии и стрништа во Скопје. Само за споредба, лани овој број на интервенции бил регистриран само во првите три месеци од годината.

Досега 60 домаќинства побарале да им се соберат стрништата од посевите, а службите интервенирале во 20 случаи и собрале 180 кубици стрништа.

Инаку казната за палење оган на отворено е до 1000 евра.

Total
0
Shares
Поврзани објави