Украдени се околу 115 илјади евра од експозитурата на НЛБ Банка во Сарај. Разбојниците биле вооружени со автоматско оружје. Упаднале во црна облека и фантомки , а побегнале со џип хундаи сантафе. Заминале кон Сарај и од таму им се губи трагата.
Од НЛБ информираа дека во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба.
„Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план. Со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот, НЛБ Банка е во интензивна соработка со надлежните органи“, соопштија од банката.
Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а со редовна работа ќе продолжи од 10 јули, во среда.