Силен пожар попладнево го зафати дуќанот за теписони и постелнина во Старата чаршија зад дуќаните на Ајчо на улица „Никола Тесла“ во Битола. Во интервенцијата беа вклучени три противпожарни возила и 12 пожарникари. 

Дојава за пожар добивме во 15,50 часот, по што екипите се упатија во чаршијата. Пожарот зафати само еден дуќан и беше спречено да се прошири на околните објекти. Огнот беше изгаснат и ситуацијата се констролира“, изјави за Апла.мк командирот на Битолската поротивпожарна единица Костадин Поповски. 

Пожарот предизвика паника во чаршијата, па повеќето од сопствениците на дуќаните под Ленски Мост додјоа да видат што се случува и дали постои опаснст од проширување. Имаше и битолчани кои помагаа во гаснењето, но и такви кои гледаа одоколу.   

извор: апла.мк