Гори Архитектонски факултет – ексклузивна фото галерија

Пред петнаесетина минути избувна голем пожар во просториите на Градежен факултет во Скопје. Меѓу студентите се створи паника поради што ги напуштија училниците и брзо со помош на професорите се евакуираа од зградата. На местото на настанот има против пожарни возила и  брза помош. Пајак службата ги подига сите автомобили околу факултетот до улицата кај Силбо. Градежен и Архитектонски факултет кој се еден до друг, се евакуирани. Пожарните се оневозможени да интервенираат од многу паркирани автомобили кои забрзано се подигаат. Засега нема информации за повредени студенти или професори. Според последите информации гори атељето на Архитектонскиот факултет. Вработените ги евакуирале студентите со помош на ПП апарати.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави