Гореа стан во Скопје и ридот над Кавадарци

Синоќа околу 23 часот избувнал пожар во стан на улицата Народни Херои. Пожарот избувнат во станот 11 но причината се уште не е позната.  На местото пристигнале 3 пожарникарни возила со седум пожарникари и околу 40-тина минути се бореле да го изгаснат огнот. Нема жртви или повредени туку само голема материјална штета.

Истовремено пожарникарите се бореа да го локализираат големиот пожар на ридот Љубаш во Кавадарци, кој беснееше синоќа. На самото место имало две возила и деветмина пожарникари. Изгореле десет хектари сува трева и нискостеблеста шума. Пожарникарите успаел да спречат огнот да се прошири кон густа борова шума. Првичните информации се дека пожарот е предизвикан од невнимателно палење топад од лизајата односно изрежаните прачки.

фото :илустрација

Total
0
Shares
Поврзани објави