Горан Трајковски : Давам оставка од директор на Дирекција за заштита на лични податоци

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски во петокот доставил барање за престанок на функцијата директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци до Собранието. Во барањето, Трајковски вели дека оставката е од лични причини.

Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на лични податоци, силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да го поставиме согласно европските вредности, напиша во оставката на Трајковски.

Тој беше назначен за диркетор во 2016 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави