Го убила мажот со секира

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот се наоѓал во дворот на куќата, осомничената ја зела секирата која била оставена во близина и му задала три удари со сечивото, нанесувајќи му повреди кои предизвикале смртен исход кај оштетеното лице.

Ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност осомничената да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Извор Јо

Total
0
Shares
Поврзани објави