Постапувајќи по кривичната пријава од МВР-НК КР Делчево, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело “Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” од чл. 188 ст. 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот на возраст од 46 години, на ден 16.03.2018 г. околу 20,00 часот дошол во посета на своите соседи, во време кога родителите не биле присутни во домот. Искористувајќи го претходното познанство и соседски однос со семејството, како и момент кога девојчето останало само со него во просторијата, осомничениот со намера да ги задоволи своите полови страсти, извршил полово дејствие над оштетеното девојче заканувајќи ѝ се да не кажува за настанот.
Надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основен суд Кочани поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничениот, имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години. Воедно надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомниченото лице, како и особени околности што укажуваат дека осомничениот со влијание врз сведоците и вештаците ќе ја попречува кривичната постапка. Судијата го прифати предлогот и донесе Решение за определување на мерката притвор во траење од 30 дена.
#Извор Јавно обвинителство
Поврзани објави
Заеве ветува 17 милиони евра помош за 400 компании за зајакнување на конкурентноста
Премиерот Зоран Заев на фејсбук објави дека 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17,2 милиони…
Со црн спреј исфарбана таблата пред споменикот на Филип Втори во Битола
Новата табла која беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на плошадот Магнолија во центарот на Битола,…
Заев: Политичарите од бивша Југославија ги држат разделени Македонците и Бугарите
Премиер Зоран Заев вели дека за време на Втората светска војна Бугарите биле администратори на Македонија, но потоа…
Фатен стружанец во кајче како сече трска
На 16.03.2019 година двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден…