Го избодела сопругот до смрт, синот сведок

Од полицијата информираат дека утрово во 05.20 часот Д.С.(30) од Кочани пријавил дека во семејниот дом на ул.”Климент Охридски” во Кочани неговиот татко В.С.(55) со остар предмет ја нападнал неговата мајка Н.С.(46).

Според неофицијалните информации , по расправијата која настанала помеѓу сопружници, жената до смрт го избодела нејзиниот сопруг во дворот од семејната куќа.

Со тешки телесни повреди и голем број исекотини се здобила и сопругата која со возило на итната медицинска помош од Кочани била пренесена во штипската клиничка болница.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот при што пронајдено е безживотното тело на В.С. со убодна рана во пределот на градите, велат од полицијата.

Увид се врши од Јавен обвинител и екипа на ПС Кочани и се работи на расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави