Две лица се приведени во Полициската станица Чаир откако со лажни флешери се обиделе да избегнат полициска контрола.

Приведените вчера околу 21:30 пуштиле флешери откако полициските службеници им сигнализирале за да застанат на проверка. Биле сопрени кај кружниот тек во Бутел, а бегале кон улица Цветан Димов  – каде што биле фатени.