Ѓорчепетровци протестираа против дивеењето и трките

Жителите на Општина Ѓорче Петров денеска повторно излегоа на протест. Тие го искажаа својот револт против дивеењето и трките на улицата „Борис Сарафов“.

Мирниот протест беше со цел да се испрати порака дека улиците се во лоша состојба, дека мора да се стави крај на нелегалните трки, на брзото возење.

Ѓорчепетровци бараат од надлежните да се превземат мерки час поскоро бидејќи овој дел од Скопје е ризичен за секој минувач, а пред се за децата.

– Доколку нашите барања не се исполнат во најбрз можен рок, протестите ќе продолжат со 24 часовно блокирање на улицата сè додека не се реши проблемот со дивеењето и брзото возење, порачаа тие.

Total
0
Shares
Поврзани објави