Гир: Владеење на правото клучен услов за членство во ЕУ

Владеењето на правото ќе биде клучно во пристапните преговори за членство во ЕУ. Тоа е почетна точка, но и последен чекор во преговорите, изјави новиот амбасадор на Европската Унија Дејвид Гир при предавањето на акредитивните писма на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски.

Тој најваи дека пристапните преговори ќе бидат исцрпувачки, но ќе биде големо и задоволството.

„Процесот исто така значи поддршка на демократијата и дијалогот, заштита на човековите права и животната средина и создавање на одржлива економија во служба на граѓаните. ЕУ реформите и подобрувањето на животот и перспективите на луѓето не се конкурентни приоритети, туку напори кои меѓусебно се зајакнуваат. Тие вклучуваат процес на позитивна реформа во интерес на слободите, напредокот и безбедноста на обичните Македонци“, порача новиот ЕУ амбасадор.

Гир се надева дека сите актери од власта и опозицијата ќе соработуваат тесно за да може земјата да стане членка на ЕУ.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Илинка Митрева

Почина поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка Илинка Митрева, објави СДСМ.Од партијата изразија сочувство до семејството на…