Георгиевски тврди дека длабоката држава ги нарушува односите со Бугарија

Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски тврди дека „Длабоката држава” во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија.

Вакво тврдење Георгиевски изнесе во интервју за БГНЕС, во кое додава дека таа подземна структура контролира професори, новинари, вработени во тајните служби, а во суштина, не се сите етнички Македонци.

Тој смета дека Зоран Заев има заслуги за зајакнување на пријателство со Бугарија.

Според него, многу лошо е ако Бугарија стави вето за почеток на преговори на Македонија со Европската Унија.

„Софија сака спроведување на Договорот од 2017 година и конкретни резултати од работата на Мешовитиот комитет за историски прашања“, нагласува Георгиевски.

За него антибугарските чувства во земјата ослабуваат затоа што добивање бугарски пасош или слушање бугарски песни веќе се сваќа како нормана работа.

„Музичарите знаат бугарски и сега во Македонија може да се слушнат не само српски песни. Ако сакаме да слушаме македонски песни, мора да дојдеме во Бугарија, вели Георгиевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави