Човекот кој синоќа го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје е газда на хотел кој се наоѓа во трговскиот. Вработени во ГТЦ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека откако ги виделе снимките од безбедносните камери веднаш го препознале сторителот.

„Сопственик на хотел е лицето кое кршеше и уништуваше инсталации. Со ова лице извесно време имаме проблеми. Бараше од нас да му дозволиме градината која ја правиме да ја користи како тераса за неговиот објект. Хотелот веќе неколку месеци не работи, па сакаше да го пренамени во угостителски објект и дел од зелената градина да му биде летна тераса. Нормално дека не му дозволивме бидејќи овој дел од ГТЦ го правиме за сите граѓани, како место за рекреација и слободен влез за секого“, велат вработени во трговскиот центар.

извор : SDK.MK