Фросина Ременски утре ќе даде исказ за „Рекет“

Пратеничката Фросина Ременски утре ќе даде исказ во Јавното обвинителство во врска со случајот „Рекет“, дознава Плусинфо.

Ременски е почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски Боки 13.

Откако се откри аферата „Рекет“ често се спомнуваше името на Ременски, која како почесна претседателка на Меѓународен сојуз била блиска соработничка на Боки 13.

„Немам ништо против (Напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во нeвладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам сѐ што ги интересира, или за сѐ што имаат дилема.

Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет“ е очајнички обид на „државнички поставената опозиција“ да фрли партиска боја на случајот кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни“, напиша Фросина Ременски на својот профил на Фејсбук пред еден месец.

Неодамна Ременски беше разрешена од потпретседател на СДСМ.

извор ; plusinfo.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Бензинот поскапува

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а дизелот поевтинува за…