На улицата Козле пред малку се случи сообраќајка во која има полесно повредени. Се судрија две возила на раскрсница пред нагорнината која води кон населбите Трно Дол и Жданец. Оваа раскрсница е црна точка во градот. Еднаш неделно има судири на автомобили , а некои завршуваат и со потешки последици. Луѓето кои живеат во близина велат дека раскрсницата е непрегледна особено за оние кои се спуштаат од улицата која води кон Германска амбасада. Поради издавањето визи во амбасадата оваа улица секогаш е полна со автомобили кои за да излезат на главната улица се спуштаат кон оваа раскрсница. Но излегувањето е непрегледно и со возилата возачите мора да навлезат во раскрсницата за да можат да видат дали има автомобили на главната улица. Токму тогаш се случуваат ударите. Жителите апелираат на ова место да се постават огледала додека не се случила некоја потешка несреќа со жртви.