Фото: Удрил во ограда, излегол и си заминал

Утрово во центарот на Скопје се случи необична сообраќајка во која нема повредени, а е направена само материјална штета. Во 6 часот и 30 минути маж со црн пасат удрил во ограда од угостителски објект. Возачот излегол од автомобилот и без да погледе што се случило заминал. Колата ја оставил удрена во оградата.

По неколку часа шлеп служба го подигна возилото, а полицијата изврши увид. Кој го управувал и чие е возилото засега нема информации.

Total
0
Shares
Поврзани објави