Вечерва пред влезот на скопската населба Драчево се случи тешкаа сообраќајка во која настрадаа петмина. Според информации на ДОСИЕ од службите на терен првично на самото место загинале три лица , а две се тешко повредени. Се судриле камион и автомобил.

Патот кон Драчево е затворен се врши увид. Полицијата го пренасочува сообраќајот а неофицијално и двете повредени лица на самото место било утврдено дека имаат фатални повреди.

На терен е присутна и противпожарна екипа и амбулантни возила. Како дошло со сообраќајката се уште не е познато и дали дождот лизгавиот коловоз или невнимание е причина за стравичната сообраќајка.

Фотографијата е сопственост на лице кое беше на самото место.