Полициски службеници го растурија карневалот во Вевчани, кој оваа година не беше официјално организиран од страна на Општината поради пандемијата на коронавирус.

Присутните ја дочекаа полицијата со пцовки, а настана и турканица меѓу василичарите и полицајците. Засега нема официјално соопштение од МВР за настанот, ниту дали има уапсени.

Група вевчанци не се откажаа од традицијата и излегоа маскирани на карневалот, а имаше и публика која го следеше дефилето.

Општина Вечвани оваа година се откажа од организирање на традиционалниот карневал.

Градоначалникот, Сашо Јанкоски, вчера апелираше да се почитуваат мерките и протоколите на Комисијата за заразни болести.

„Ние како Општина Вевчани се откажавме од организација на овогодишните концерти, изложби и сите други активности за Вевчански Карневал 2021, сѐ со единствена цел да ве заштитиме вас, вашите фамилии, вашите најблиски од оваа пандемија“, напиша Јанкоски на „Фејсбук“.

извор: Макфакс фото : Илчо Капкоски