Фото: Откачен покрив падна на булевар, ветер коси низ државата

Вечерва Скопје и неколку градови во Македонија ги зафати силно невреме со страшен ветер и по некаде дожд. Во Скопје веќе се споделуваат фотографии од разлетани предмети , изместени контејнери, прашина песок. Фотографијата е на возач пред кого паднал откорнат покрив на потегот Карпош 4 кон Тафталиџе. Луѓето пишуваат и за откорнати кровови и искршени гранки , како и места и наслеби кои немаат струја.

Пред малку се огласи и градоначалникот Шилегов:

Се очекува дека силниот ветер кој што дува во градот, на моменти ќе достигне и удари над 70км на час.

Екипите се веќе излезени на терен и започнавме со отстранување на одлетаните кровови и паднатите дрва.

Ве замолувам, секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти.

Состојбата се прати и се превземаат мерки.

И Битола вечерва е зафатена од силен ветер со брзина од 70 километри на час. Од Управата за хидрометеоролошки работи објавија предупредување од силен ветер. Според објавеното соопштение на УХМР, во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, кои локално ќе бидат пообилни.

Поради силните удари на ветерот низ улиците има искршени гранки од дрвја и искинати кабли.

Total
0
Shares
Поврзани објави