ФОТО: Mомче лежело невино во затвор, а по излегувањето утрово загина во земјотресот

По катастрофалниот земјотрес во Албанија регионот буквално се тресе на секој час, а атмосферата во Драч буквално е застрашувачка и жртвите се бројат секој миг.

Младиот Кристијан Печи утрово е идентификуван како една од осумте жртви кој загина во земјотресот кој утрово го погоди градот во 3 часот и 54 минути и беше со јачина од 6.3 степени по рихтер.

Репортерката на емисијата „Боом“ Аријана Лоче на својот Фејсбук профил сподели фотографија на која напиша дека момчето пред само пет месеци е пуштен од затвор каде лежел како невин. За жал ова младо момче не успеа долго да и се радува на слободата, а во својот пост новинарката изразува и сочувство до семејството.

Total
0
Shares
Поврзани објави